Звукот на штурците може да стане историја

Европската популација на штурците и скакулци е загрозена, установено е на првата сеопфатна проценка која открила дека на една четвртина од видовите на овие инсекти им се саканува изумирање.

Според податоците на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), оваа група на инсекти е најзагрозена од сите досега забележани во Европа.

Европа е дом на повеќе од 1000 видови на групата Orthoptera, во која спаѓаат штурците и скакулците и живеат претежно на пасишта.

Тие се важен извор на храна за птиците и влекачите, а нивното исчезнување може да го загрози целиот екосистем. Нивното природно живеалиште го загрозуваат пожари, интезивната агрокултура и развој на туризмот.

“Треба да направиме нешто повеќе за природното живеалишта на штурците. Доколку не почнеме да делуваме веднаш, песната на штурецот наскоро може да стане историја”, вели Жан-Кристоф Ви, заменик директор на програмата за глобални видови IUCN.

8b4a662ab10b21da0a87dc09daed1252Дел од нивната популација е изгубен поради пожари, особено во Грција и на Канарските острови.

“Резултатите на црвена листа на IUCN се особено загрижувачки“, вели Лук Бас, директор на Европската Регионална канцеларија на IUCN.

Дискусија

Коментари