Кина лансираше сателит за тестирање на 6G мрежа (Видео)

Уште не се смирени страстите во светот околу употребата на 5G телекомуникациските мрежи а Народна Република Кина лансираше сателит кој со себе ја носи една од варијантите на новата 6G мрежа.

Кога велам една од варијантите сметам на тоа дека сеуше не се ускладени светските експерти и телекомуникациски компании околу конкретните спецификации на новата 6G мрежа.

Засега е познато дека се работи за далеку поголеми брзини и фрекфенции од оние кај 5G мрежата ( 5-50 пати ) а можна е и употрeбa на нов тип на модулација на радио брановите со цел подобрa функционалност.

Оваа мобилна мрежа се очекува да нуди трансфер на податоци од околу 100 Gbit/s што во превод значи дека додека го испиете утринското кафе на вашиот хард диск ќе имате снимено преку 1000 филмови и серии

Кинескиот сателит според одговорните лица исто така носи и опрема за анализирање и пратење на можни потенцијални катастрофи на земјоделските посеви , како и систем за превенција од пожари.

Кина е сериозна земја и сигурно нема да го испушти од раце секторот каде е моментален лидер и секторот кој ќе носи незамисливи финасиски и други видови моќ и напредни технологии .

Поддржете ја нашата работа: