Новите бета верзии на апликацијата WhatsApp отсега вклучуваат видео повици. Новата опција е лесна за користење, со тоа што се одбира одреден контакт во апликацијата, се притиснува копчето за повик и се одбира „видео повик“.
По ова, започнува разговор слично како FaceTime, и притоа на соговорникот му пристигнува известување во случај да не ја ажурирал апликацијата. Засега е достапна верзијата 2.16.318, а квалитетот на повикот е добар.
Со повеќе од милијарди корисници, WhatsApp може да биде голем конкурент на апликацијата Duo на Гугл, чија цел се единствено видео повиците.
WhatsApp, која е во сопственост на Фејсбук, во изминатите месеци ги подобрува своите производи, додавајќи нови опции, можност за цртање и стикери на фотографии, слично на Snapchat.
Исто така, тестира јавен „чат“ кој наскоро може да биде достапен.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























