Ова се најинтересните смартфони кои може да ги очекуваме до крајот на годината

 

Samsung Galaxy Note 10

После Galaxy Fold и новите модели во линијата Galaxy S на Samsung, ќе се освежи и понудата во линијата Galaxy Note во текот на годината.Моделот 10 би можел да добие поголем екран без рабови и со вградени камери, и да го изгуби 3,5 мм аудио влез за слушалки. Не треба да се очекува пред август, оваа година.

За моделот OnePlus 7 не се знае многу, освен дека нема да поддржува 5G, за да би можел да има Qualcomm Snapdragon 855 со 6 GB RAM и 128 GB меморија. Би требало да се појави во мај, оваа година.

OnePlus 7

Apple iPhone XI

Во септември пак, можно е да го видиме новиот IPhone во три изданија: стандарден, Lite и Plus. Се шпекулира за 3 задни камери, поголема заштита за екранот, па дури и за прелаз на USB-C. Touch ID вграден на екранот, како и тоа што сите три модели ќе добијат OLED екран.

Google Pixel 4

На почетокот на октомври, можеме да очекуваме ново издание на паметен телефон на Google со оперативен систем Androdi 10 Q. Екран од раб до раб со двострана предна камера и стерео звучници вградени во екранот. Големината на екранот би можела да порасне од 5,5 инчи на 6,6 (13,9 на 15,2 см) на стандардниот модел, односно од 6,3 на 6,6 инчи за Pixel 4 XL (16 на 16,7 см). Qualcomm процесор Snapdragon 855 со можна поддршка за 5G.

Honor 11

Се очекува дека Honor во текот на април, во Кина ќе го понуди моделот Honor 11. Во Европа ќе се најде еден месец подоцна. Како и View20, би понудил одлични спецификации и цена. Би можел да понуди конфигурација, слична на Huawei P30 со процесор Kirin 980.

HTC U13

HTC веројатно нема да се појави до крајот на мај, а би можел да го намали работ на екранот, да го префрли на AMOLED и во него да вгради читач на отисок од прст. Понов процесор од Snapdragon 660. Се најавува дека идните модели ќе се фокусираат на 5G, вештачка интелигенција, блокчејн и виртуелна реалност.

Huawei Mate 30 Pro

Смартфонот кој веројатно нема да дебитира пред октомври, оваа година би можел да биде најскапиот модел на Huawei досега. Нов процесор Kirin 990 и четири, а можеби и пет камери.





 

Поддржете ја нашата работа: