Посетителите на археолошкиот локалитет Стоби наскоро ќе можат да присуствуваат на виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби и да се вратат во минатото

Ова виртуелно доживување изработено преку проектот „Откривање на римскиот град Стоби – Виртуелено искуство” со цел да ја зголеми туристичката понуда на Стоби преку обезбедување на нови искуства на локалитетот. Користењето на технологијата во промоција и доближување на културното наследство е можност да се привлечат повеќе посетители, пред сѐ нова млада публика.

Апликацијата за виртуелна реалност ќе им овозможи на посетителите на Стоби да добијат предно седиште во 3Д реконструираниот театар и на тој начин да ја доживеат гладијаторската борба како дел од публиката во гледалиштето. Целото искуство ќе биде збогатено со автентичната атмосфера карактеристична за еден ваков настан, како и со големината и монументалноста на овој империјален објект.

Проектот е поддржан од Регионалниот Совет за Соработка (Regional Cooperation Council) и финансиран од Европската Унија, а го реализираат Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од Скопје и Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби.

Оваа новина, како што најавуваат од локалитетот Стоби, за кратко време ќе биде достапна за посетителите.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.