„Бункер 42“: Eдна од најдобро чуваните тајни на Москва e 18 ката под земја (ВИДЕО)

Знаете ли дека длабоко под московските улици има мрежа од тунели и соби во кои 3.000 луѓе би можеле да преживеат 90 дена без да излезат надвор?

Откако поранешниот Советски Сојуз ги изврши првите нуклеарни тестови, беше утврдено дека мора да се направат засолништа на длабочина од најмалку 50 метри под земјата за да се избегнат последиците од евентуален нуклеарен удар и од радиоактивното зрачење. Тогаш беше дизајниран и создаден „Бункер 42“!

Инженерите беа соочени со огромен предизвик – требаше да изградат монументална и безбедна градба според одредени спецификации под градските улици, без да ја нарушат постојната инфраструктура и да не бидат откриени од граѓаните и политичките непријатели. Тоа беше една од најдобро чуваните тајни на Москва.

Поради стратешки причини и близината на московскиот Кремљ, Бункер 42 почнал да се гради во 1951 година под еден рид во областа Тагански. Градбата завтшила во 1956, а бил наменет за членови на политичкиот врв и воената команда. Зафаќа површина од 7.000 квадрати, но за среќа никогаш не бил искористен за својата примарна функција.

За време на Студената војна, тој бил база за надгледување на авионите што превезувале чувствителен товар, како што е нуклеарното оружје.

Денес, овој простор е претворен во историски споменик и музеј наречен Бункер 42, кој открива како изгледал животот зад Железната завеса.

 

Поддржете ја нашата работа: