„Вампир“ во Полска пронајден погребан со срп околу вратот

Female 'vampire' with protruding tooth and a sickle across her neck. (Mirosław Blicharski)

Остатоци од женски скелет се пронајдени на полски гробишта од 17 век. Необично е тоа што над вратот на скелетот има поставено срп, за кој се верува дека служел да оневозможи покојникот да стане во случај да оживее.

Истражувањето го предводел професорот Дариуш Полински од Универзитетот „Никола Коперник“.

„Српот не бил ставен крај покојникот, туку над самиот врат, така што ако починатиот се обидел да стане, главата ќе му била отсечена или повредена“, изјави Полински за Дејли Меил.

Во 11 век, граѓаните на Источна Европа живееле во страв од вампири и почнале да ги третираат своите мртви со антивампирски ритуали, верувајќи дека некои луѓе, за кои сметале дека е занимаваат со „мрачните сили“, може да се извлечат од гробот и да ги тероризираат живите.

Како што пишува ScienceAlert, во 17. век таквите практики на погребување станале вообичаена и честа пракса низ Полска.

„Други начини за заштита од враќање на мртвите вклучуваат отсекување на главата или нозете, ставање на покојникот со лицето надолу, палење и кршење на черепот со камен“, изјавил Полински за New York Post.

Иако другите вообичаени методи за погребување против вампирите вклучувале метална прачка пробиена низ скелетот, останките во Полска се пронајдени само со срп преку вратот.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.