(ВИДЕО) Во пустина се гради ски – центар

snow-forecast.com

Се гради ски – центар на отворено, среде пустина во Саудиска Арабија. Ќе зафаќа 60 квадратни километри.

Тројена ќе биде вештачки изградена снежна оаза за скијање и други зимски спортови во текот на целата година. Местото ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година. Тоа е меѓународен спортски натпревар за членовите на Азискиот олимписки совет, кој се одржува на секои четири години.

Тројена ќе има сместувачки единици – од апартмани до планински куќи до вили и луксузни хотели.

Поддржете ја нашата работа: