Луѓето со години го истражуваат светот околу себе. И иако веќе истраживме добар дел од нашата околина, сè уште има некои области кои можат да нѐ изненадат со нивните тајни.
Така, членовите на длабинската експедиција на Кралскиот холандски институт беа изненадени кога нурнаа на дното на морето и го открија – она што никој таму не го очекуваше.
Експедицијата ги истражуваше длабоките морски карпи во Тик Вент, хидротермална вентилација на бариерата Тексон западно од Америка. Тоа е подводен вулкански гребен познат по тоа што привлекува секаков вид на микроскопски морски свет. Со помош на подводен робот на далечински управувач, тие сакале да соберат примероци од карпи за да проверат дали има ларви и други мали организми кои живеат на нив.
Бидејќи карпите биле претешки за роботот, научниците решиле да погледнат под морското дно и да видат дали таму има живот. На големо изненадување на сите, тие пронашле повеќе шуплини полни со цевчести црви и полжави кои дотогаш биле забележани само на површината на морското дно.
Ова беше сосема неочекувано, рече истражувачката Сабине Голнер, која исто така е коавтор на студијата за наодите, објавена во списанието Nature Communications. Таа призна дека се надевале оти ќе најдат неколку примероци, но не толку богат и жив екосистем на таа длабочина.
Истражувачите веруваат дека ларвите на овие морски суштества можеби патуваат низ топлите водни струи, откритие што може да ни помогне да разбереме како функционира животот на толку големи длабочини.
Отворениот екосистем во оваа област не е ограничен на она што го гледаме погоре, рече Голнер, тој исто така вклучува и живот под земја.
Голнер и нејзиниот тим истакнуваат дека тоа би можело да значи дека постои начин да се зачуваат „екстремофилите“ како овие подземни ларви од заканата од ископување во длабоко море. Но и дека сè уште не знаеме доволно за она што се крие под површината на нашата планета.