(ВИДЕО) На денешен ден се случи најголемата авионска несреќа на сите времиња

Snapshot / Youtube / Smithsonian

На денешен ден, во 1977 година, два авиона Боинг 747 се судрија на аеродромот во Тенерифе, при што загинаа вкупно 582 патници и сите членови на екипажот.

Летот на Пан Ам 1736 од Лос Анџелес и холандскиот КЛМ 4805 воопшто не требаше да бидат на аеродромот во Тенерифе. Нивна дестинација беше Лас Палмас на соседниот остров, Гран Канарија. Но, милитантите на движењето за отцепување на Канарските острови од Шпанија активираа бомба на аеродромот во Лас Палмас, поради што аеродроммот беше затворен, а сите летови пренасочени.

По повторното отворање на аеродромот, прво требаше да полета KLM, а потоа и Pan Am.

Тие се судрија на самата писта, кај излезот 4. Истрагата утврди повеќе причини за несреќата, меѓу кои: обидот на пилотот на КЛМ да полета без конечна дозвола, густа магла што ја отежнувала видливоста, пречки во радио комуникацијата од други летови; употребата на нестандардни фрази од страна на холандскиот пилот при комуникација со кулата; Неуспехот на Pan Am навреме да се тргне од пистата и да продолжи кон излезот број 3.

https://youtu.be/NHCwsHaKUho

 

Поддржете ја нашата работа: