(ВИДЕО) Неуспешен лет на првата ракета испечатена на 3Д-печатач

Snapshot

Американската стартап компанија „Релативити спејс“ доцна синоќа кон вселената ја испрати првата ракета испечатена на 3Д-печатач.

Полетувањето се случи од вселенската станица „Кејп Канаверал“ што се наоѓа на источниот брег на Флорида. Ракетата беше исфрлена во горниот дел од атмосферата, меѓутоа не успеа да стигне до орбитата бидејќи се појавил проблем со моторот.

Едниот дел од ракетата (долниот дел) се откачил откако го потрошил своето гориво, а потоа настанал проблем со моторот што требало да го придвижи, односно да му даде сила на горниот дел да продолжи. Моторот се вклучил само накратко оставајќи ја ракетата без доволно моќ за да стигне до орбитата.

Ракетата од 3Д-печатач е долга 33,5 метри и е дизајнирана да носи лесни сателити во орбитата.

Нејзиното лансирање дојде од третиот обид откако претходните два во март беа откажани поради проблеми поврзани со горивото и лошото време.

Поддржете ја нашата работа: