(ВИДЕО) Со мобилен телефон до полесно паркирање

Колку и да сте добар возач, паркирањето низ градот секогаш не е едноставна работа. За среќа, поновите автомобили најчесто имаат опрема за помош при деликатните маневри, но постарите возила не поседуваат ништо слично. Сѐ се сведува на вештината и искуството на возачот.

Сепак, ако имате постар автомобил, а недоволно искуство за паркирање во тесен и непрегледен простор, компанијата „Фен-сенс“, усоврши систем за помош при паркирање инсталиран на вашиот паметен телефон. Единствено што треба е да го нарачате софтверот, а заедно со него се добива и сензор вграден во рамка за регистарската табличка.

Со самото инсталирање на програмата, телефонот стапува во комуникација со сензорите и ги отчитува информациите што ги добива од нив. Кога со возилото ќе се приближите до некаква препрека (столпче, саксија, дрво, рампа или слично), од телефонот добивате звучен сигнал за внимание.

Според информациите од интернет, цената на пакетот (софтверот и сензорите) чинат околку 100 долари.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.