Висок 565, а долг 1.341 метри: Највисокиот мост на светот наполни 5 години

Мостот над реката Беипан во југозападна Кина, висок 565 метри, беше пуштен за сообраќај во декември 2016 година. Кинеските медиуми тогаш објавија дека тоа е највисокиот мост во светот.

Мостот ги поврзува оддалечените провинции Јунан и Гуижу, а распонот меѓу неговите кули е 720 метри. Долг е 1.341 метар, а е дел од автопатот долг 3.405 километри.

Кинеската државна телевизија објави дека трошоците за изградба изнесуваат околу 140 милиони долари.

Мостот се градеше три години, а патувањето меѓу градот Жуангвеи во Јунан и Шуиченг во провинцијата Гуижоу е скратено од повеќе од четири часа на само еден час.

Овој мост, кога станува збор за висината, од тронот го тргна оној над реката Сиду, висок 495 метри, исто така во Кина. Инаку, Кина има девет од 10-те највисоки мостови во светот.

Поддржете ја нашата работа: