Во Сахара пронајден метеорит постар од Земјата

Парче метеорит, откриен уште во 2020 година, во пустината во Алжир е дел од протопланета, постаро од Земјата.

Според нова детална анализа на составот и староста на метеоритот, познат како “Ерг Чеч 002”, парчето е старо околу 4,6 милијарди години и претставува најстариот познат примерок на магма од Вселената.

Исто така анализите сугерираат дека метеоритот најверојатно бил дел од протопланета, односно големо карпесто тело кое требало да постане планета.

Парчето метеорит било пронајдено во мај минатата година во делот Ерг Чеч, Југозападен Алжир, и веднаш било претпоставено дека е необично поради неговата текстура. Затоа било класифицирано како ахондрит, што е метеорит составен од вулкански материјал.

Тим од јапонски и француски научници утврдиле дека метеоритот некогаш бил лава, кој ладејќи се е претворен во цврст објект во период од 100 000 години, а неговата тежина е околу 30 килограми.

Поддржете ја нашата работа: