Вредноста на замрзнатите намирници, ПЛАЌАШ риба – добиваш МРАЗ!

Веројатно веќе ви паднало на памет да се запрашате колку грама мраз има во пакување со замрзната риба. Коментарите се најчести кога ќе се вратите од продавница и ќе забележите дека рибата во ќесата почнала да се „дави во мраз“.

Едно истражување направено неодамна, низ неколку супер – маркети во хрватската престолнина, Загреб, изнесе на виделина запрепастувачки резултати.

Имено, во едно пакување со замрзната риба, на чија надворешност е наведена тежината, масата на замрзнатиот производ е идентичен со износот наведен на пакувањето. Но, откако мразот ќе се стопи и водата ќе се исцеди, вагата покажува дека производот е речиси една третина полесен од грамажата назначена на пакувањето!

Така, не би било тешко да се заклучи дека една третина од цената на рибата ја даваме за вода! На пример, ако еден килограм риба чини 600 денари, месото би чинело 400, а за 200 грама вода би платиле 200 денари.

Вознемирувачки е и фактот што слична е состојбата и кај ќесите со замрзнато овошје и со зеленчук.

Сево ова би можело да ја отвори дискусијата дали можеби традиционалниот начин на замрзнување, во домашните замрзнувачи е поисплатлив, кога станува збор за релацијата цена-квалитет-добивка.

Поддржете ја нашата работа: