Германски климатолог предупредува: Времето истече, одиме кон катастрофа

Веќе е предоцна да се ограничи глобалното затоплување на максимум еден и пол степен во споредба со прединдустрискиот период, предупредува германскиот метеоролог и климатолог Моџиб Латиф во пресрет на форумот за климата што се одржува во Берлин.

Метеорологот и климатологот рече дека со денешните емисии на стакленички гасови ќе го надминеме ова ниво за нешто помалку од десет години.

„Ако се земе предвид она што го прават политичарите сега низ светот, ние сме повеќе во насока на три степени“, продолжи Латиф.

Тој додаде дека се приближуваме до точка кога треба да признаеме дека времето за промени на подобро поминало.

Три степени на глобално затоплување би биле „катастрофа“, нагласи Латиф, истакнувајќи дека секогаш се чинеше дека има поитни прашања од заштитата на климата за решавање.

Министрите од околу 40 земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени на климатскиот дијалог во Санкт Петербург, што денеска и утре се одржува во Берлин. Домаќини на средбата се Германија и Египет. Предвидено е да се обратат германскиот канцелар Олаф Шолц и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Драстичното намалување на употребата на фосилни горива, обновувањето на шумите и намалената потрошувачка на месо се само дел од чекорите потребни оваа деценија за да се одржи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури“, се наведува во извештајот.

„Го напуштивме COP26 во Глазгов со наивен оптимизам, заснован на нови ветувања и обврски“, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по објавувањето на извештајот.

Во овој момент, само сериозното намалување на емисиите оваа деценија во сите сектори, од земјоделството до транспортот, енергијата и градежништвото, може да ги сврти работите, се вели во извештајот. Дури и тогаш, владите ќе треба да ги зголемат напорите за засадување повеќе дрвја и развивање технологии за отстранување на дел од јаглеродниот диоксид кој веќе е во атмосферата по повеќе од еден век индустриска активност.

„Тоа е сега или никогаш“, изјавил копретседателот на извештајот, Џим Скеа.

Поддржете ја нашата работа: