Голем број студенти исфрлени од факултет поради злоупотреба на вештачка интелигенција

pixabay

Откако OpenAI го воведе ChatGPT, оваа алатка првично се покажа како доста популарна меѓу студентите и неколку професори од колеџ предупредија дека вештачката интелигенција се користи за мамење на тестови и пишување есеи. Наместо со часови да бараат материјали, да читаат, да се едуцираат и да пишуваат научено и врз основа на тоа да донесуваат некои свои заклучоци, сега некои од нив сето тоа го препуштаат на вештачката интелигенција.

Тешко е да се каже колку е распространет овој проблем, но како што изјави за новинарите на Financial Times неименуван член на британската академска заедница, тој е многу поголем отколку што мисли јавноста. Во неговата институција проблемот е толку раширен што многу студенти веќе се избркани од факултетот, а некои предмети изгубија голем број студенти. Слично е и на некои други универзитети со чии претставници разговараше.

Иако генерално се вели дека е тешко едноставно да се препознае содржината напишана од чет-ботови со вештачка интелигенција, лицето со кое разговараше ФТ рече дека тоа е всушност прилично едноставно. Имено, кога учениците ќе бидат прашани за некои концепти или извори со кои пишувале есеи и трудови, оние кои ги напишале со помош на вештачка интелигенција го немаат вистинскиот одговор. Но, како што забележува овој член на академската заедница, откривањето на измамниците е само дел од проблемот, а друг дел од проблемот е односот кон оние кои изневеруваат. Имено, бидејќи често странските студенти плаќаат многу повисока школарина во споредба со домашните студенти, факултетите не сакаат да ги избркаат бидејќи и тие ги губат парите кои им се многу потребни.

Извор: Financial Times

Поддржете ја нашата работа: