Додека светот се обидува да се справи со пандемијата, но и со сѐ поизвесната економска криза предизвикана од неа, а здравствените власти мака мачат да ги убедат народите дека единствен излез е масовна вакцина, една случајна мутација на вирусот веројатно ќе направи пресврт во прогнозите.
Според досега познатото, сојот Омикрон е безопасна верзија на корона вирусот. Извештаите на светските медиуми и на здравствени експерти, па дури и од центарот на епидемијата, од Јужна Африка, велат дека тој е многу заразен и се шири со невидена брзина, но е далеку побезопасен од досегашните мутации на вирусот и минува како блага настинка. Човек кој ќе го прележи Омикрон, станува имун, т.е. заштитен. Со едноставни зборови, тоа е природна бесплатна и безбедна вакцина за сите категории.
Многумина се прашуваат дали е тоа епилог на кој буквално сите би требало да му се израдуваат?
Мејнстрим медиумите како срамежливо да се враќаат на некогашната реторика за можниот колективен имунитет што веќе го отпишаа, а сето тоа благодарение на новата мутација.
Британската министерка за здравствена заштита, Џилијан Киган, известува за само еден починат, но – со Омикрон, а не – од Омикрон.
Би можело ли да се најдеме пред заклучокот дека против законите на природата може да се добие една или две битки, но не и војната.
Природата со својата хармонија и селекција го чисти сметот и создава подобро и поздраво општество. Тоа е трнлив и крвав пат, бидејќи сите знаеме колку е тешко плевелот потполно да се отстрани.