Дали Колумбо навистина го донел сифилисот во Европа?

Во списанието Current Bilogy е објавена студија која ја разбива старата предрасуда кон Кристофер Колумбо. Работата на група научници од Универзитетот во Цирих укажува дека сифилисот постоел во Европа многу пред Колумбо да се врати од Новиот свет.

Долго време се веруваше дека сифилисот го донеле во Европа неговите морнари кои имале сексуални односи со домородните жени во Новиот свет.

Сепак, анализата на шест скелети во Финска и еден во Холандија потврди четири примероци позитивни за бактеријата трепонема палидум што предизвикува сифилис, што докажува дека сексуално преносливите болести се појавиле во Европа уште во 15 век, пред Колумбо да отплови на 3 август 1492 година. Затоа, неговите патувања не се коренот на епидемијата на сифилис што траела три века.

Оваа студија имаше за цел да ја утврди историјата на споменатата бактерија, каде првпат се појавила и каде циркулирала. Меѓутоа, научниците биле само делумно успешни бидејќи не можеле да сфатат како дошло до големата епидемија во 15 и 16 век. Сепак, тие можеа да утврдат како болеста се развила на Стариот континент.

Анализата на пронајдените коски покажа дека болестите како сифилис се појавиле и порано и биле предизвикани од различни видови на Treponema palidum. Исто така, оваа анализа откри досега непознати соеви на оваа бактерија, што го потврдува присуството на сифилис уште на почетокот на 15 век. Иако оваа болест е позната веќе петстотини години, сепак е нешто многу опасно, па ширењето на сифилисот е забележано и денес.

Поддржете ја нашата работа: