ПРЕТХОДНИТЕ ДЕНОВИ бевме сведоци на голема арктичка бура која ги зафати САД и Канада, а метеоролозите за нејзиното потекло ја обвинуваат циклонската бомба. Иако според нив е исклучително ретка појава, она што ја карактеризира е тоа што е поинтензивна од другите видови бури, а еве и зошто.
Циклоните бомби се големи и интензивни бури кои се формираат во средните географски широчини, познати по низок притисок во нивните централни делови и низа други екстремни временски феномени кои го придружуваат. Меѓутоа, за таа да стане „бомба“ и да предизвика проблеми какви што се забележани минатиот викенд на северноамериканскиот континент, неговиот централен притисок мора брзо да се намали – според некои проценки, најмалку 24 милибари за 24 часа.
holy fucking bomb cyclone pic.twitter.com/K5o5LBlAZl
— delete your existence (@ethanserone) December 22, 2022
Во услови кога циклонот минува низ т.н „бомбогенза“, тој прима одредена количина топлина и влага и воздухот во него брзо се крева. Како резултат на тоа се создаваат циклонски бомби кои носат силни ветрови и бури, придружени со екстремно ниски температури. Регионот најпознат по бури од овој тип е американскиот источен брег, бидејќи зоните северно од тропските предели ја црпат својата енергија од големите температурни контрасти.
Со други зборови, во областите кај потоплите водни маси, топлина и влага има во изобилство. Меѓутоа, кога студениот континентален воздух е над нив, условите во долниот дел од атмосферата стануваат крајно нестабилни. Воздухот се крева, лади и кондензира, а како резултат на овој процес се формираат облаци кои предизвикуваат интензивни врнежи, а понекогаш и силни ветрови кои доведуваат до уште поголемо „издигнување“ на воздухот.
Како конечен резултат, се јавува процес на повратна спрега, што предизвикува топлиот воздух постојано да се крева. Ова овозможува брз пад на притисокот во центарот на системот и засилување на ветровите додека атмосферата се обидува да ги изедначи разликите.