Ова е прилично невообичаен потег за Елон Маск, кој долго предупредуваше за опасностите од технологијата на вештачка интелигенција. Речиси пред една деценија, тој посочи дека оние со висок коефициент на интелигенција се највиновни кога станува збор за вештачката интелигенција, со оглед на тоа што не можат да замислат дека некој, дури ни компјутерот, може да биде попаметен од нив, пишува Futurism.
И покрај ова, се чини дека односот кон оваа технологија е променет, а доказ за тоа е најавениот Tesla Bot. Маск објасни дека роботот Тесла ќе биде пријателски расположен и дека ќе биде побавен и послаб од човекот. Висината на роботот ќе биде околу 1,5 метри, а треба да тежи околу 56 килограми. Се на се, димензиите и описот веројатно треба да послужат како верување дека роботите нема да го освојат светот и нема да ги загрозат нивните човечки сопственици.
Што се однесува до намената, Маск беше прилично нејасен, но изјави дека ботовите можат да вршат работи што се опасни или досадни. Сепак, експертите се сомневаат дека Тесла ќе го заврши овој проект, а роботот веќе стана предмет на шеги на социјалните мрежи. Компаниите како Бостон Динамикс долго време се занимаваат со роботика и се сериозни конкуренти, така што не е точно јасно зошто Тесла воопшто влегува во оваа област. Во секој случај, ова не е првпат Маск да отиде предалеку со своите ветувања, па останува да видиме дали Тесла Бот воопшто ќе ја види светлината на денот.