„Загадката на изгравираните камења: Ритуал за враќање на светлината“

Пред околу 4.900 години, на данскиот остров Борнхолм, луѓето фрлале стотици мистериозно изгравирани камења во ровови пред да ги закопаат. Овие таканаречени „сончеви камења“ долго време беа мистерија, но нови истражувања сугерираат дека масивна вулканска ерупција го затемнила Сонцето, што ги поттикнало луѓето ритуално да ги жртвуваат овие камења во обид да го вратат сончевиот сјај.

Археолозите откриле над 600 цели или фрагментирани сончеви камења на археолошкиот локалитет Васагорд на Борнхолм. Овие камења, големи колку дланка, се рамни и заоблени, со изгравирани линии кои зрачат од центарот, налик на сончеви зраци.

Се верува дека локалитетот бил религиозен комплекс посветен на обожување на Сонцето, бидејќи влезовите се усогласени со сонцето за време на солстициите.

     

Истражувањата на ледени јадра од Гренланд покажуваат значителни количини на сулфати депонирани околу 2900 година п.н.е., што укажува на масивна вулканска ерупција. Оваа ерупција веројатно предизвикала затемнување на Сонцето, што било екстремно застрашувачко за земјоделските заедници зависни од сончевата светлина за жетва. Ритуалното жртвување на сончевите камења можеби бил земјата.Во обид да се умилостиви Сонцето и да се врати плодноста на земјата

Извор:Sciencealert

 

 

Поддржете ја нашата работа: