(ВИДЕО) Напуштен и избришан од мапите, овој град се смета за најопасниот во светот

By Five Years - Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=11671299

Витенум е мал град во Австралија, познат и како најопасното место на светот бидејќи самото вдишување воздух таму е доволно за да ве убие. Поради тоа, местото е напуштено и буквално избришано од мапите, а тука некогаш живееле илјадници луѓе.

Австралиските власти го избришале Витенум од мапите во обид да ги одвратат потенцијалните туристи да одат таму. Инаку, до 2015 година во овој град живееле само шест жители, а до минатата година останала само 80-годишната Лорејн Томас.

@nightmarefuelfromaus

#australia #straya #wittenoom #abandonedplaces #dangerousplaces #nightmarefuel #foryou #fyp

♬ Get You The Moon – Kina

Некогаш раздвижениот рударски град во регионот Пилбара се наоѓа во средината на најголемата контаминирана локација на јужната хемисфера. За време на врвот на развојот во 30-тите години тука живееле илјадници луѓе. Почвата била богата со син азбест и многу Австралијци се преселиле таму за да најдат работа во рудниците.

Следните неколку децении Витенум бил рударски град, но овој начин на живот ги убивал жителите. На крајот, рудниците биле затворени во 1966 година бидејќи повеќе не биле профитабилни. Повеќе од 2.000 работници и жители починале како резултат на вдишување на смртоносните сини азбестни влакна.

Воздухот и денес е штетен, па владата морала да ги урне домовите на жителите и да ја затвори депонијата за отпад од рудниците со цел – целосно затворање на населбата. И покрај тоа, тука сѐ уште има три милиони тони отпад од азбест.

Ова област никогаш нема да биде безбедна за живеење поради постојаниот ризик од азбестот, но некои луѓе не можат да одолеат да ја посетат. Меѓу нив има и многу тиктокери кои се обидуваат да снимат интересни видеа.

Извор: index-magazine

Поддржете ја нашата работа: