Се спуштила на 5-ти декември 1952 година, а се кренала дури четири дена подоцна. За тоа време починале 12.000 луѓе, 150.000 завршиле во болница, а пцовисале илјадници животни. Со децении никој не можел да објасни што ја погодило британската престолнина.
Одговорот е добиен неодамна, додека група научници го испитувале големото загадување на воздухот во Кина.
Се утврдило дека најверојатно смртоносна компонента во маглата било нејзината голема киселост. Главен виновник за тоа бил сулфур-диоксидот, материјал што се ослободувал од горењето на јаглен во фабриките и во домаќинствата. Кога ќе се поврзел со молекулите водена пареа од маглата, тој се претворал во опасна-сулфуреста киселина.
Претворањето го олеснил азотниот диоксид, кој исто така бил присутен во маглата. SO2 + H2O = H2SO3 Во истражувањата било утврдено дека нешто слично се случува денес во најзагадените кинески градови. Единствената причина зошто таму досега не се појавила „маглата убиец“ е амонијакот кој го неутрализира процесот, а е присутен во атмосферата бидејќи во Кина се користи многу арско ѓубриво.
А, ова се статиите кои тоа време ги објави британскиот весник, Гардијан.