Македонскиот амбасадор Димитар го освојува светот на модата

Димитар Димоски e млад и талентиран модел од Македонија, постигна извонреден успех на престижниот натпревар Top Model International. По успешното учество на кастингот во Женева на 14 септември, каде што беше избран меѓу 5,000 кандидати, Димитар продолжи да ги импресионира жирито и публиката.

Во полуфиналето во Брисел, тој се најде меѓу најдобрите 450 учесници, каде што го освои првото место и од жирито и од публиката, обезбедувајќи си место во големото финале. Финалето ќе се одржи на 17 мај 2025 година во Монте Карло, Монако, во легендарната Salle des Etoiles на Sporting Monte Carlo.

Овој настан, кој го слави својот 21-ви роденден, се очекува да биде спектакуларен, нудејќи им на кандидатите незаборавно искуство, a Димитар е единствениот Македонец и Балканец кој успеа да стигне до финалето, што го прави неговиот успех уште позначаен.

И покрај предизвиците и конкуренцијата од над 250 учесници од повеќе од 50 различни националности, тој остана доследен на себе, демонстрирајќи креативност и самодоверба кои му донесоа признание од жирито и публиката.

Сега, Димитар се подготвува напорно за финалето, мотивиран да ја освои златната медалја и да се позиционира на првото место на светско ниво. Неговиот успех е инспирација за многумина и покажува дека со посветеност и страст, соништата можат да станат реалност.

Top Model International, основан во 2004 година во Брисел, е еден од најпрестижните модни натпревари во светот, нудејќи им на кандидатите од различни земји можност да се истакнат во модната индустрија. Да му посакаме на Димитар многу успех во претстојното финале и да го поддржиме во неговата амбиција да го освои светот на модата.

Поддржете ја нашата работа: