НАСА објави фасцинирачки слики од Јупитер: Не очекувавме дека ќе биде толку добро, велат американските астрономи

EPA-EFE/NASA, ESA, CSA, Jupiter ERS Team / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Aмериканската вселенска администрација НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“.

„Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро“, изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли, САД.

Вселенскиот телескоп ги направил снимките во јули, на кои што има досега незабележани погледи на северното и јужното светло на Јупитер и вртлогот на поларната маглина. Големата Црвена Дамка на Јупитер, бурата поголема од Земјата, јасно се издвојува меѓу безброј други помали вртлози.

Поддржете ја нашата работа: