Иако сме далеку од сценарио во кое луѓето со децении ќе патуваат на соседните планети, мисиите на Марс, како и зголемените туристички патувања во вселената, повторно го покренаа прашањето за секс во вселената.
Од НАСА соопштија дека тоа во моментов не им е еден од приоритетите, но дека се подготвени да ги преземат неопходните чекори за да ја истражат оваа можност.
– Истражуваме колку долго изолацијата и престојот во вселената влијаат врз човечкиот вид и какви ризици носат тие. Ние сме тука да се грижиме за менталното и физичкото здравје на нашиот екипаж. Доколку и кога е потребно, темата за сексот во вселената ќе се истражува подлабоко, но во моментов немаме проект специјализиран за тоа – велат од оваа организација, пренесува Дејли Стар.
– Никој не знае што би се случило. Вакви експерименти никогаш не биле направени во област без гравитација. Според мене, тоа би било многу непријатно искуство. Тоа би било технички возможно, но сите знаеме како течностите се однесуваат во бестежинска состојба, па би имало концентрација на влажност на едно место – изјави астрономот и физичар Џон Милс кога BuzzFeed побара од него да ја коментира оваа ситуација.