НАСА ја повикува јавноста да ѝ помогне во документирање на небесен феномен

PHOTO: pixabay

Американската вселенска агенција НАСА ги повикува сите да ѝ помогнат во собирањето податоци за мистериозен небесен феномен. Станува збор за црвени светлосни зраци кои се појавуваат над невремињата и може да достигнат и до 90 километри височина во атмосферата.

Вселенската агенција смета дека многу луѓе случајно направиле фотографии од феноменот и овие фотографии би можеле да помогнат за негово подобро разбирање. Затоа, сите што имаат фотографија или видео од овој феномен може да ги споделат материјалите во рамките на проектот наречен „Спритакулар“.

Целта на проектот е да ги спои професионалните научници и луѓето што имаат фотографии или видео од небесниот феномен. Според физичарот Бурку Косар, поголемиот дел од научниците воопшто не се свесни за фотографиите од феноменот кои луѓето ги објавуваат на интернет.

Поддржете ја нашата работа: