Научник откри колку пати просечниот човек има интимни односи годишно

Д-р Логан Левкоф, научник и едукатор од областа на семејството и интимните односи од Универзитетот во Њујорк, имаше краток и јасен коментар за агресивната поп-културна еротска кампања во последните три децении: „Во повеќето случаи, моделот претставено во серии, филмови, медиуми и на социјалните мрежи не се одразува во реалноста, ниту во односите меѓу луѓето“.

Како што објасни, „нормалниот број на сексуални активности“ зависи од личноста.

„Не ми се допаѓа ниту го поддржувам тој збор – нормално. Секоја личност е различна и секоја врска е различна“, објаснува Левкоф, пишува „NBC News“.

Имено, според студијата „Сексуално однесување“ е утврдено дека просечниот човек има 54 сексуални односи годишно. Овој број во поново време е помал за 10, во споредба со 1990-тите. Што значи дека бројот на односи се намалува.

„Истражувањето објавено во „Студија на социо-психолошка личност“ покажува дека паровите се среќни ако имаат секс еднаш неделно. Но, тоа не значи дека се посреќни ако имаат повеќе пати во текот на неделата“, вели Левкоф.

“Интимноста и блискоста се основни човечки потреби. Во емотивните врски кои траат со години, многу е важно овој аспект од врската да се одржува во живот. Она што е најважно и што паровите мора да го запомнат, не постои магичен број на односи што ќе ги направи ги среќни.

„Отвореноста на партнерите еден кон друг и разговорите за фантазии и желби мора да се случат порано или подоцна доколку сакаат овој аспект од врската да успее, што е еден од столбовите што ја одржува врската“, заклучува Лавкоф.

Поддржете ја нашата работа: