Кинеската вселенска сонда Tianwen-1, која се движи кон Марс, ги испрати првите фотографии од црвената планета, објави Кинеската национална вселенска агенција.
Агенцијата објави три фотографии со висока резолуција, од кои две се панхроматски (направени се со посебен вид црно-бел филм кој е чувствителен на сите бранови должини на видливата светлина), а сликите ја покажуваат површината на планетата, прошарана со ситни кратери, дини и гребени.
Фотографиите се направени од далечина од околу 330 до 350 километри над површината на Марс. Третата фотографија во боја го прикажува Северниот дел на Црвената планета, направена од растојание од 5.000 километри. Фотографиите ќе им помогнат на научниците да ги набудуваат и проучуваат песочните бури што се формираат на површината на планетата, пишува Futurism.
Сондата е лансирана во јули минатата година, а на Марс би требало да стигне на 10 февруари.