Роверот на НАСА сними човечки отпад на Марс

Роверот „Perseverance“ иако од лани бара знаци на живот по правливиот и карпест пејзаж на кратерот „Езеро“ на Марс, неговите камери регистрираа човечко ѓубре на површината на црвената планета.

Деновиве тимот на Perseverance сподели на Твитер дека забележале дел од термално ќебе што се користи за заштита на роверот од екстремните температури што ги доживеал за време на слетувањето.

„Изненадување е да се најде ова овде“, бидејќи спуштањето на роботот се случи на околу 2 километри – нешто повеќе од една милја, напиша тимот. „Дали ова парче долетало овде после тоа, или го разнел ветрот?

Ова не е единственото парче ѓубре на роверот на Марс. Во април, хеликоптерот Ingenuity сними поглед од птичја перспектива на отпадот во вселената направен од човек – опремата за слетување што му помогна и на роверот Perseverance, да стигне до Марс.

Поддржете ја нашата работа: