Нѐ демне ли нова мутација?Масовен премин на короната кај диви животни во САД!

Научниците утврдија дека ковид-19 од луѓето преминал на дивите елени во некои делови на Соединетите држави. Антитела за САРС-КоВ-2 се откриени кај 40 проценти од белоопашестите елени (Odocoileus virginianus) на североисток од земјата.

Само во државата Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери за коронавирус во крвта.

Ова е прв доказ за широко распространета изложеност на Ковид -19 во дивиот свет.

Иако здравствената состојба на ниту еден од елените не била лоша, присуството на специфични антитела во крвта покажува дека тие неодамна го имале вирусот во себе.

Сепак, она што ги вознемирува научниците е прашањето дали популацијата на диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на ковид-19, која потоа би можела да им се врати на луѓето, но со потешки последици врз нашето тело отколку порано.

Студијата е објавена на порталот „BIORxiv“.

enauka.mk
9,249наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.