Обновливи извори на енергија: Дали сончевите панели се ефикасни и во студените денови?

Претпоставката дека соларните панели се помалку ефикасни во зима е вообичаена заблуда. Вистината е дека тие всушност се поефикасни на пониски температури, како оние што се карактеристични за пролет и есен.

Причината зошто соларните панели произведуваат најмногу електрична енергија во текот на летото лежи во поголема количина на сончево зрачење и фактот што има помалку облачни денови во лето отколку во зима. Исто така, деновите се подолги во лето, па енергијата се собира подолго.

Како и многу други електронски уреди, соларните панели се многу поефикасни кога работат на пониски температури, да речеме на 22-28C.

Температурите во лето може да бидат многу повисоки од горенаведените, па иако тоа нема да му наштети на соларниот панел, во тие денови нема да се произведува повеќе електрична енергија отколку, да речеме, на температура од 24 C во текот на пролетта.

Причината е што соларните панели произведуваат електрична енергија од сончевото зрачење, а не од топлината, пишува National Geographic.

Поддржете ја нашата работа: