Семејното стебло Да Винчи: Познатиот сликар има 14 потомци, кои живеат и работат како ОБИЧНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Четиринаесет потомци на генијалниот сликар Леонардо да Винчи (1452-1519) денес живеат во Италија, пишува весникот „Авенире“.

Новото родово стебло на семејството Да Винчи го утврдија двајцата професори, Алесандро Вецози и Ањеза Сабато, кои ги објавија резултатите од нивното 10-годишно истражување во научното списание „Човечка еволуција“.

Наследниците на ренесансниот гениј, авторот на познатата „ocоконда“, денес живеат во околината на Фиренца, презимето им е Винчи, имаат од една до 80 години и работат обични работи како службеник, геодет и слично.

Двајцата научници го утврдија генеалошкото дрво на семејството Да Винчи во 2016 година, а потоа утврдија само двајца директни машки потомци, од кои едниот беше италијанскиот режисер Франко Зафирели, кој почина во меѓувреме.

Поддржете ја нашата работа: