Создаден првиот човечки орган во животно – научниците се надеваат дека ова ќе ја отвори вратата за производство на „резервни делови“

Научниците од институтот во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од свински ембриони, што го отвори патот за „производство“ на органи за донација.

Тим предводен од Лиангзуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание „Stem cell“.

Како изгледа постапката?

Нивната работа зависела од „исклучување“ на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas – алатка која често се опишува како генетски ножици.

Тоа значи дека ембрионите не го развиле бубрегот на свињата и дека е формирана празнина во која т.н. „плурипотентни“ човечки матични клетки од папочната врвца.

Бубрезите развиени на овој начин содржеа повеќе од една третина од свински клетки, што може да доведе до отфрлање во случај на трансплантација, велат научниците, нагласувајќи дека постапката допрва треба да се подобри.

Поддржете ја нашата работа: