Старо железо на дното на океанот! Бактерии го голтаат „Бродот што не може да потоне“

Состојбата на легендарниот Титаник, некогаш славно нарекуван „брод што не може да потоне“, дополнително се влошува на дното на океанот.

Локацијата на бродоломот остана мистерија сè додека не беше откриена 73 по несреќата, односно во 1985 година. Поради длабоките морски струи, корозијата од солта и бактериите што го нагризуваат металот, остатоците од Титаник полека, но сигурно се враќаат кај мајката природа, покажуваат најновите податоци.

Бактерии што јадат железо

Најголема причина за влошувањето на состојбата на Титаник доаѓа од група бактерии иманувани според името на бродот – Halomonas titanicae. Овие бактерии буквално го јадат железото користејќи стотици килограми секој ден. Кога тие грицкаат од металот предизвикуваат формирање на структури слични на сталактити со боја на ‘рѓа, познати како „рустики“.

Неодамна, научниците останале шокирани од рапидно влошената состојба на Титаник. Во 2010 година, Хенриета Ман, која ги откри бактериите, за магазинот Тајм изјави дека на Титаник му преостануваат само уште 30 години пред да исчезне. Слично на тоа, истражувачот Виктор Весково, за Тајм, во 2019 година, објасни дека „урнатината е таму долу 107 години во силни струи и морска вода, па затоа не е прашање на дали, туку кога морето во целост ќе го уништи.

Потребата да се документира бродот пред да исчезне

Од првичното откритие на Титаник, во 1985 година, многу делови од бродот исчезнаа. На пример, набљудувачкото гнездо, од каде ледениот брег првпат бил забележан е исчезнато, како и делови од палубата. Експедиција од 2019 година откри дека кадата на капетанот Едвард Смит, која можела да се види преку оштетениот ѕид на бродот, веќе ја нема.

Почнувајќи од јули 2021 година, експедициите на „OceanGate“ ќе започнат со низа експедиции до местото на остатоците од Титаник, почнувајќи со годишно опишување на влошената состојба на бродот.

Експедицијата ќе вклучува археолози и морски биолози, но исто така и околу 40 луѓе, туристи, кои би платиле билет во износ од 100 – 150 илјади долари, за од близу да ги видат остатоците од легендарниот брод.

Ниту еден артефакт нема да биде изваден

Историчарот на Титаник, Бил Саундер се сомнева дека експедицијата ќе открие „вест за на насловна страница“, но верува дека експедицијата ќе помогне да се подобри светското разбирање за остатоците од бродот.

За разлика од другите мисии, „OceanGate“ не планира да земе артефакти од остатоците на бродот, правејќи ја оваа мисија многу помалку контроверзна од мисиите од минатото. Неодамна, РМС Титаник, компанијата што ги поседува правата за спасување на бродот, сакаше да ја поврати безжичната телеграфска машина, „Маркони“, преку која биле пренесувани повиците за помош. Сепак, овој предлог предизвика судска битка минатата година со Владата на Соединетите држави, кои тврдеа дека експедицијата ќе го прекрши федералниот закон и претходниот пакт склучен со Велика Британија да го остави бродот каков што е, бидејќи тоа би било повреда на гробница.

Ова не е прв пат експедициите на Титаник да предизвикаат полемики. Само RMS Titanic Inc. има извлечено илјадници артефакти од локалитетот низ годините, вклучително и сребрени садови и злато. Ова предизвика дебати околу тоа дали извлекувањето артефакти од Титаник е форма на грабеж на гробници.

Во 2003 година, Ед Камуда, тогашен претседател на историското друштво Титаник, за Асошиејтед Прес изјави дека човечката активност околу Титаник треба да биде ограничена.

„Природата нека си го врати она што е нејзино. Прашање на време е кога (бродот н.з.) ќе стане кафеава дамка и куп отпадно железо на дното на океанот“, рекол Камуда.

Во раните утрински часови на 15 април 1912 година, Luxury Liner RMS Titanic удри во санта мраз на неговото прво патување. Неколку часа подоцна, потона на повеќе од 12.000 стапки (3.650 метри), земајќи ги животите на  1.517 лица.

Поддржете ја нашата работа: