Универзитетот на Југоисточна Европа го објави Конкурсот за упис на студенти во новата академска 2022-2023 година. Покрај понудата со нови студиски програми новина оваа година е и отворањето на новиот Факултет за здравствени науки, кој Владата го одобри пред новогодишните празници 2022 година.
Проширувањето на УЈИЕ е како резултат на стратегијата одобрена од Одборот за хоризонтално проширување во сите области за кои оваа институција има кадровски, просторен и технолошки потенцијал.
„УЈИЕ е консолидирана образовна институција и академската понуда секогаш се заснова на истражување на пазарот на трудот и барањата за стручен кадар. Студентот е во центарот на вниманието, додека вклученоста во секој процес на одлучување е модел на нашата работа и функционирање“, вели ректорот Беџети.
Новата академска понуда, покрај студиските програми од здравствени науки, е надополнета и со интередисциплинарни насоки, главно со инкорпорирање на ИТ, со цел да се подготват квалитетни кадри за професиите на иднината. „Правна информатика“ која се нуди на Правниот факултет, „Бизнис информатика“ на Факултетот за современи науки и технологии, додека „Енергетика, економија и екологија“ на Факултетот за бизнис и економија се студиските програми кои се очекува да предизвикаат интерес кај идните студенти. Студиските програми „Архитектура и дизајн“ и новата студиска програма „Дигитален дизајн“ продолжуваат да бидат многу атрактивни. Факултетот за јазици, култури и комуникација, покрај веќе етаблираните студиски програми, како „Меѓународна комуникација“, „Англиски јазик“ и „Германски јазик“, нуди и „Превод и толкување“. Факултетот за општествени науки годинава покрај веќе докажаните насоки за јавна администрација ја нуди и студиската програма „Труд и социјална политика“.
Во рамките на академската понуда, за новата академска година, многу е атрактивна понудата за стипендии, каде што сите матуранти кои постигнале одличен успех во средното образование (5.00) добиваат целосна стипендија која покрива 60% од школарината. Матурантите кои во средно образование постигнале успех од 4,5 – 4,99, добиваат стипендија која покрива 40% школарина. Финансиски олеснувања има и за вториот и третиот студент од исто семејството кои студираат истовремено на УЈИЕ, а кои се здобиваат со намалување од 15% односно 25%. Многу добра и уникатна можност на УЈИЕ е програмата „Работи и студирај“, каде ангажираните студенти работат во главните служби на Универзитетот и финансискиот надоместок што го добиваат за часовите кои биле ангажирани потоа се одбива од школарината.
На Конкурсот за упис на студенти за новата академска година, УЈИЕ нуди 25 студиски програми, на албански и на македонски јазик, од кои 11 ќе бидат понудени на англиски јазик. Во вториот циклус (магистерски студии) годинава се нудат 22 студиски програми, при што четири студиски програми се на англиски јазик. На докторски студии годинава се нудат 10 студиски програми и шест од нив се нудат и на англиски јазик.