(ФОТО) Жолт „фиат 128“ бил првиот автомобил на Марадона, а сега се продава на аукција

Неодамна светските медиуми објавија дека се продава последниот автомобил што го возел покојниот аргентински фудбалски великан, Диего Армандо Марадона, а сега низ светот се прошири веста дека на аукција е ставен и првиот автомобил на славниот фудбалер.

Генерално, автомобилите кои им припаѓале на познатите личности, кога се продаваат достигнуваат високи цени, па во таа смисла првиот автомобил во сопственост на фудбалска икона како Диего Армандо Марадона не може да биде исклучок.

Станува збор за Fiat 128 CL (во Аргентина познат како „128 Europa“) од 1982 година и се продава на аукција преку веб-страницата xave.market како виртуелен NFT објект.

Автомобилот е пронајден во 2003 година во кокошарник на периферијата на Буенос Аирес, а фудбалската легенда си го подарила на Божиќ во 1982 година, откако во 1981 година стана шампион со Бока Јуниорс и кога го направи трансферот од Бока во Барселона.

Откако се прослави, Марадона не го возел автомобилот, а бидејќи продолжи да игра во Наполи во 1984 година, можеше да се види зад воланот на Ферари Тестаросе или Порше 911 Карера 2 Кабрио 964…

Така, трагата на автомобилот се губела со години додека не ја пронашол колекционерот на автомобили Мартин Вароне, кој во меѓувреме станал сопственик.

Денес, Fiat 128 на Диего се продава во форма на NFT и може да се добие само со плаќање во криптовалути. Неговата почетна цена е 400.000 долари.

Поддржете ја нашата работа: