(ФОТО) Необична камена структура откриена на Марс, научниците збунети

Роверот на НАСА „Кјуриозити“ неодамна откри интересна формација на карпи на површината на Марс, а откриеното ги збуни научниците.

За време на неговата експедиција во кратерот Гале, каде што се наоѓа планинскиот врв на планината Шарп, „Кјуриозити“ направи неколку фотографии на кои се гледа необичен лак од камења.


Научникот НАСА, Абигел Фреман, ја опиша како многу интересна фотографијата појаснувајќи дека тоа е структура која наликува на корален гребен, со испакнатини што се чини дека се издигнуваат од површината на каменот.

Особено е интересно што камениот лак е исклучително мал, но димензијата е тешко е да се процени бидејќи роверот нема прецизни справи за мерење, објави порталот Зимо.

Поддржете ја нашата работа: