Минијатурниот хеликоптер Ingenuity, тежок помалку од 2 килограми, кој се наоѓа на Марс како дел од мисијата на роверот „Персевренс“, го оствари и својот трет лет, а овој пат помина 80 секунди во воздухот.
Според НАСА, хеликоптерот полетал на висина од околу пет метри, а потоа извршил страничен маневар од 50 метри, поминал 80 секунди во воздухот, а потоа се вратил на почетната позиција. Неделниот лет беше најамбициозен досега, но инженерите велат дека ќе се обидат да постигнат уште подобар резултат.
Тие би сакале да ги достигнат крајните граници на леталото, дури и ако крајната последица е целосно негово уништување.
Пилотите рекоа дека хеликоптерот овојпат повторно запрел, а потоа за кратко лебдел свртувајќи ја камерата во сите правци, се движел странично и се вратил во првобитната положба и конечно слетал.
Претходните два лета беа извршени во понеделник и четврток, а првиот во историјата ќе остане наведен како прв контролиран лет на друга планета.
IIngenuity пристигна на Марс во средината на февруари. Таму бил пренесен од роверот Персеранс кој слетал во кратерот Езеро на Црвената планета.
Со овој потфат, научниците би сакале да докажат дека постои можност за летање во ретката атмосфера на Марс.
Тие објасниле дека во иднина, ваквите хеликоптери можат да се користат за препознавање на теренот пред испраќање ровери и астронаути во вселената, но и за истражување на некои тешко достапни локации, како што се карпите.