Чип во човечкиот мозок: На почетокот можеби звучи интересно, но што ако некој ве хакира?

pixabay

Милијардерот Илон Маск се пофали дека неговата компанија вградила чип во човечкиот мозок. Се вика „Телепатија“ и ќе им овозможи на луѓето да користат компјутер само со своите мисли. Целта е најмногу да им се помогне на неподвижните луѓе, но експертите од областа веќе се прашуваат дали Маск ќе застане тука.

Имате чип во мозокот со кој можете да го користите вашиот мобилен телефон или компјутер, само со мислите – вака Илон Маск го опишува чипот Telepathy.

Пред две години покажа како мајмун игра компјутерска игра со умот, а сега отиде и чекор понатаму – таков чип е вграден во човечкиот мозок. Тој сака да им помага на неподвижните луѓе.

Томислав Салопек, кој има повреда на ‘рбетниот мозок, вели – на почетокот добро звучи.

„Физички одлично, можев да се одморам, не би морал да ги заморувам раката и зглобот. Треба да се земе предвид дека сите овие работи сѐ уште се во експериментална фаза. Ако нешто ви е вградено, тогаш тоа сигурно е нечија сопственост“, коментира тој.

Во јавноста веќе почнаа да се поставуваат разни прашања од етички, но и од социолошки карактер. Дел од таквите дилеми се – дали за 10 – тина години со такви или слични чипови ќе може да се менува когнитивната способност на луѓето и дали би имало простор за сомнеж дека таквата технологија би можела да биде злоупотребена од компаниите коишто ги произведуваат со цел да се влијае врз мозокот на луѓето.

Секак, отворена е и дискусија, дали тие чипови би можело да бидат цел на хакерски напад.

 

Поддржете ја нашата работа: