Освен што го разубавуваат просторот, собните растенија го прочистуваат и воздухот, ги елиминираат штетните гасови, чадот од цигари и ја намалуваат количината на алергени. Еве кои растенија влегуваат во најтесниот избор на природни филтри на воздухот.
Алое вера – украсна тропска билка, одлична за подигање на нивото на кислород во домот. апсорбира формалдехид, јаглероден диоксид и јаглероден моноксид
Зелен лилјан – е во состојба да врши фотосинтеза под минимално осветлување. Одлично ги апсорбира отровите од воздухот како формалдехид, јаглероден моноксид и бензен. Едно растение прочистува површина од 200 квадратни метри.
Бршлен – ова растение дефинитивно треба секој да го има дома. Бршленот отстранува 60 проценти од мувлата од воздухот и 58 проценти од честички од фекалии за само шест часа од поставување во просторијата.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.























