Вештачка интелигенција откри непознат предок – „дух“ во човечкиот геном

Никој не знае која била таа. Познато е само дека била поразлична од другите.  Тинејџерка од пред повеќе од 50.000 години била генетски толку невообичаено уникатна што изгледала како „хибриден“ предок на современите луѓе, каков што научниците никогаш досега не виделе, пренесува Nature.

Во студија започната во 2019 година, а со која се анализира сложената човечка праисторија, научниците користеле вештачка интелигенција за да идентификуваат непознати видови на човечки предци кои се сретнале со современите луѓе и со кои се размножувале мигрирајќи низ вековите.

-Пред околу 80.000 години се случил таканаречениот „излез од Африка“, кога дел од човечката популација, која веќе се состоела од современи луѓе, го напуштила африканскиот континент и мигрирала на други континенти, објаснува биологот Хауме Бетранпетит од Универзитетот Помпеу Фабра во Шпанија.

Како што современите луѓе навлегле на копното на Евроазија, тие се размножувале со древните и исчезнати хоминиди од други видови затекнати на новите простори. До неодамна, се сметаше дека овие повремени сексуални партнери вклучуваат само Неандерталци и Денисовци, но, во една нова студија, благодарение на алгоритмите за длабока анализа, изолиран е и трет вид на генетски код, со потекло од евроазиска ДНК.

Користејќи статистичка техника наречена Баезијанско расудување, истражувачите открија докази за она што тие го нарекуваат „трета интрогресија“ – непозната древна популација, таканаречени „духови“, со кои современите луѓе се вкрстувале за време на африканскиот егзодус.

Оваа популација е или поврзана со линијата Неандерталец-Денисовец или пак, рано одвоена од лозата Денисовец, претпоставуваат истражувачите, што значи дека е можно третата популација во сексуалната историја на човештвото веројатно да била мешавина од Неандерталци и Денисовци.

Во извесна смисла, тоа е хипотетичка потврда за некаков вид „хибриден фосил“ на тинејџер идентификуван уште во 2018 година, а врз кој сѐ уште се работи.

Примената на овој тип на анализа на вештачката интелигенција е сосема нова техника во однос на истражувањето на човечките предци, а познатите фосилни остатоци со кои се занимаваме се неверојатно оскудни, додаваат истражувачите.

Сепак, според истражувањето, она што го откри тимот ги објаснува одамна заборавените процеси на интрогресија – тоа е репродукцијата која на свој начин дава информации за тоа кои сме ние денес и какви сѐ гени носиме во нас.

Истражувањето е објавено во „The Nature of Communications“.

Поддржете ја нашата работа: