Германска студија за ефикасноста на маските против „COVID-19“

Денес беше објавена германската студија која ја проучуваше врската помеѓу задолжителото носење маски и ширењето на „COVID-19“ .

Истражувањето е вршено на територијата на Германија и се користени податоци од повеќе области. Бидејќи Германија воведуваше задолжително носење на маски во различни временски периоди и региони научниците имаа можност да направат споредба помеѓу податоците за новите случаи на „COVID-19“ во времето и на местата кога маските биле и не биле задолжителни.

Според резултатите од оваа студија воведувањето задолжително носење на маски за само 20 дена придонеле за просечно намалување на бројот на новозаразени од 45%.

Бидејќи студијата ги нема анализирано движењето , дружењето т.е. другите мерки и фактори кои би ги намалиле меѓусебите блиски контакти на луѓето во периодот на задолжителното и во периодот кога не е на сила задолжителното носење маски сметам дека процентот треба да се земе со резерва и истиот реално неможе да се препише само на воведувањето задолжително носење маски.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.