Древно „Мегаезеро“ содржело 10 пати повеќе вода од сите денешни езера заедно, еве зошто исчезнало…

Пред околу 10 милиони години, мега-езерото Паратетис, најголемо во историјата на Земјата, зафаќало површина поголема од денешното Средоземно море. На современата мапа, тоа би се протегало од Алпите над Италија до Казахстан во централна Азија.

Досега, малку се знаеше за создавањето и исчезнувањето на ова солено езеро, но една нова студија идентификува четири катаклизмични, климатски управувани циклуси што довеле до негово пресушување и најверојатно биле причина за угинување на значителен број видови што живееле во него.

Утврдено е дека тоа било дом на разни видови мекотели и ракови, но и риби делфини, кои еволуирале пропорционално со димензиите на нивната ограничена околина. Како што паѓало нивото на водата, се покачувало нивото на солта, што го правело напријатна средина за неговите жители, велат истражувачите.

„Сигурно бил пост-апокалиптичен праисториски свет, водна верзија на пустелиите од Лудиот Макс“, вели геологот Ваут Кријгсман од Универзитетот во Утрехт во Холандија.

Тој и неговите колеги проучувале фосилни записи, седиментни наслаги и геологија на областа околу Црното море (центарот на местото кадешто порано се наоѓало езерото Паратетис) за да ги идентификуваат четирите големи падови во нивото на водата во текот на неколку милиони години.

Најсилното опаѓање на нивото било последното забележано, пред околу 7,6 милиони и 7,9 милиони години. За време на оваа епизода, нивото на водата паднало за дури 250 метри, разделувајќи го мега-езерото во мали езера, кои на моменти веројатно биле токсични за повеќето водни животи.

Според пресметките на научниците, џиновското езеро во овие сушни периоди можело да изгуби до 70 проценти од неговата површина.

На својот врв во однос на капацитетот, тоа покривало површина од околу 2,8 милиони квадратни километри, држејќи повеќе од 10 пати поголема количина на вода од онаа што денес се наоѓа во езерата на нашата планета.

„Делумните сушења на мега езерото се совпаѓаат со климата во Евроазија, иако точните активирачи и механизми остануваат да се решат“, пишуваат истражувачите во нивниот објавен труд.

Создадено од тектонски поместувања и издигнување на централноевропските планини, Паратетијското езеро опстанало околу 5 милиони години, покажува геолошкиот запис, пред промените во пејзажот да предизвикаат негово претворање во Средоземното море. Друга неодамнешна студија покажува како намалувањето на нивото на водата околу езерото ги претворило бреговите во пасишта, обезбедувајќи плодна почва и за еволуција на копнените суштества. Се разбира, климатските промени за пејзажите и за животинскиот свет остануваат многу релевантни теми и денес, милиони години по пресушувањето на езерото Паратетис. Секое вакво истражување е потсетник за вистинската закана со која се соочуваме денес и можат да ни укажат повеќе за нашата иднина, велат истражувачите.

Истражувањето е објавено во Scientific Reports.

Поддржете ја нашата работа: