Жариштата на Ковид-19 одсега и на „Google Maps“

„Google Maps“ воведува нова услуга преку која ќе ја покажува состојбата со Ковид-19 во земјите од светот со цел да се овозможи побезбедно патување во време на пандемијата со коронавирусот.

Новата алатка се нарекува „Ковид подлоги“ (COVID layers) и треба да помогне на луѓето кои сакаат да ги избегнат местата со висок број на случаи со Ковид-19.

Корисниците кои ќе ја вклучат оваа опција ќе добиваат мапи со локации обележани во различни бои во зависност од бројот на случаи со коронавирусот на 100.000 жители во последните седум дена. Дополнително мапите ќе покажуваат и дали овие бројки растат или се намалуваат.

Гугл извести дека ќе се обезбедат податоци за 220 држави и територии кои во моментов се поддржани преку апликацијата. Информациите ќе се преземаат од повеќе извори, меѓу кои Њујорк Тајмс, Универзитетот Џон Хопкинс и Википедија. Тоа се истите извори кои во моментов Гугл ги користи за информации за Ковид-19 во нивниот пребарувач.

Новата опција е пуштена во употреба на 23 септември, а оваа недела се очекува да стане достапна за корисниците на „Google Maps“ на Андроид и иОС.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.