Земјата деновиве ќе биде погодена од силна геомагнетна бура

(Image credit: NASA / SDO and the AIA, EVE, and HMI science teams / helioviewer.org/Graphic compiled in Canva by Daisy Dobrijevic

Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходниот период, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација (SWPC).

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, појаснува SWPC.

SWPC

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај.

„Тоа е прилично нестабилна ситуација на Сонцето што ја следиме многу внимателно“, вели Бил Муртаг, програмски координатор во SWPC.

Геомагнетната бура доаѓа кога сонцето е најактивно во последните две децении, а се очекува да остане така барем до крајот на оваа година, пренесува Вашингтон пост.

Аурорите се создаваат кога енергијата и честичките од Сонцето привремено ја нарушуваат магнетосферата на Земјата, создавајќи геомагнетна бура. Некои соларни честички патуваат по линиите на магнетното поле на нашата планета во горната атмосфера, возбудувајќи ги молекули на азот и кислород и ослободувајќи фотони на светлина во различни бои.

Очекуваната геомагнетна бура е резултат на повеќекратни експлозии на Сонцето, наречени коронални масовни исфрлања. Тоа се големи облаци од соларна плазма со магнетно поле. Почнувајќи од почетокот на оваа недела, Сонцето испрати најмалку пет од овие ерупции кон Земјата кои се очекува прво да пристигнат овие денови.

enauka.mk
9,248наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.