ИСТРАЖУВАЊЕ: Една третина од матичните лекари планира да даде отказ во следните пет години

Нешто повеќе од една третина од британските матични, односно семејни лекари во Велика Британија се изјасниле дека планираат да дадат отказ во следните пет години, покажала анкетата во рамките на најновото истражување спроведено од Универзитетот во Манчестер.

Истражувањето покажало пад на задоволството од работата на семејните лекари во време на пандемијата со КОВИД-19. Лекарите ги истакнале проблемите со зголемениот обем на работа, зголемените барања на пациентите и “недоволната количина на време за изврпување на рабоатат“.

Анкетата во која учествувале речиси 2.300 семејни лекари, покажала дека документацијата предизивкува стрес, како и долгото работно време и работата со “проблематични пациенти“.

Осум од 10 лекари по општа медицина се жалат поради се поголемото оптоварување и зголемените барања на пациентите.

“Не е изненадувачки што задоволството од работата е намалено меѓу општите лекари за време на пандемијата, но истражувањето дава  докази дека некои области од нивната работа се постресни, што може да помогне да се осмислат начини за поддршка“, ги коментира резултатите од анкетата, проф. Кет Чекланд од Универзитетот во Манчестер, која ја водела студијата.

Резултатите, додава таа, сугерираат дека ќе биде потребно да се вложат напори за општата медицина да стане долгорочно одржлива.

enauka.mk
9,253наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,109денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.