Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

Тим археолози откри гробници со два човечки скелета со златни јазици, од времето на династијата Саи. Откриени се на археолошкиот локалитет Ел Бахнас во провинцијата Миња во Египет. Веста ја соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет.

Како што се додава во соопштението, откритието се случило за време на ископувањата на шпанскиот археолошки тим од Универзитетот во Барселона.

Станува збор за две гробници во кои имало по еден саркофаг изработен од варовник. Едната од нив била претходно отворена и ограбена, но другата ја затекнале потполно неоштетена, информира Хасан Амер, професор на грчко-римскиот оддел на Археолошкиот факултет на Универзитетот во Каиро и водач на ископувањата.

Во неа, покрај скелетот биле пронајдени две ниши со вазни, како и колекција од 402 фигурини украсени со амајлии и монистра.

Зошто златни јазици?

Научниците веруваат дека тоа бил посебен ритуал кој требало да им овозможи на мртвите да зборуваат пред судот на богот Озирис во задгробниот живот.

Се верувало дека златниот јазик може да го „убеди“ Озирис да биде милостив.

Како што пренесуваат локалните медиуми, екипата на Универзитетот во Барселона проценува дека саркофазите потекнуваат од времето на 26-тата династија. Станува збор за династијата Саис, која владеела со Египет од 664 до 525 п.н.е. и се смета за почеток на „доцниот период“ во историјата на древниот Египет.

Поддржете ја нашата работа: