Навршуваат 100 години од вакцината против туберкулоза. Научниците сѐ уште збунети – зошто таа не е ефикасна во целиот свет

Оваа година навршуваат 100-години од пронаоѓањето на вакцината против туберкулозата, позната како, БСГ. Оваа вакцина без сомнение спасува животи на милиони луѓе, заштитувајќи ги од бактериска болест на белите дробови и евентуално и други болести.

Пред сто години, двајца француски научници по име Алберт Калмет и Камил дојдоа до револуционерно откритие. Го нарекоа БСГ, што е кратенка од Бацил Калмет-Герин. Вакцината е направена од бактериите кои предизвикуваат верзија на туберкулоза кај кравите. Оттогаш, BCG е најраспространета вакцина досега, а секоја година ја примаат околу 100 милиони бебиња во светот.

Иако фармацијата веќе има пронајдено ефикасни антибиотици и лекови против оваа болест, превенцијата со вакцина е далеку подобра опција за разлика од медицинското лекување. Покрај тоа, во земјите кои имаат големи стапки на туберкулоза, антибиотиците често се премногу скапи или тешко достапни. Дополнително, некои типови на туберкулозни бактерии имаат еволуирана отпорност против антибиотици, така што овие третмани повеќе не се ефикасни.

Сепак, постојат некои ситуации во кои вакцината BCG не треба да се дава. На пример, BCG не се смета за безбедна кај бебиња или возрасни кои се заразени со ХИВ (вирус кој ги напаѓа клетките на имунолошкиот систем. Органи и клетки на телото кои се борат против инфекции и токсини за да обезбедат отпорност против заболувањата). Иако Калмет и Герин ги прилагодиле бактериите за да не предизвикаат инфекција, луѓето со ХИВ или одредени други нарушувања имаат ослабен имунолошки систем што БЦГ може да го надмине и да ги разболи.

BCG е многу ефикасна во заштитата на децата од туберкулоза во некои земји, како што е Велика Британија, но не е многу ефикасна во други. Овозможува ниско ниво на заштита, па дури и никаква заштита, на места како што се Индија и субсахарска Африка. За жал, ова се области со високи стапки на туберкулоза, каде што најмногу е потребна вакцина. Научниците сè уште не разбираат целосно зошто BCG има различен ефект во различни земји, но повеќето сметаат дека тоа има врска со присуството на други бактерии кои се поврзани со туберкулозата.

Поради овие недостатоци на вакцината, очајно е потребна нова и подобрена верзија за ставање под контрола на оваа болест. Научниците ширум светот напорно работат на дизајнирање и тестирање на нови вакцини против ТБ. Главните пристапи се обидот да се подобри преку менување на гените на бактериите или да се даде нова вакцина како засилувач на претходната.

Сепак, за 100 години откако е развиена првичната верзија на вакцината, сè уште немаме нова вакцина против ТБ одобрена за употреба. Ако размислите за новите вакцини за КОВИД-19, требаше помалку од една година да помине од првичниот дизајн до масовната вакцинација, па зошто е толку потешко за ТБ? Еден од предизвиците е тоа што не знаеме кои делови на имунолошкиот систем се важни за да не заштитат од ТБ, што го отежнува дизајнирањето на вакцината и проверката дали таа е ефикасна. Исто така, немаме сигурни начини за тестирање на вакцината. Не е етички да се заразуваат луѓе со туберкулоза откако ќе им се дадат вакцините, па затоа треба да се направи испитување врз лабораториски животни. Но, дури и тогаш ќе остане отворено прашањето – дали преку животните ќе се добие автентична претстава за тоа што се случува во организмот на луѓето.

Поддржете ја нашата работа: